LOGIN AREA
for registered users

User ID
Password
 

 

....................................

NEWS

среда, 01 април 2009
Career Day Tips for Candidates - At & After the Career Day

среда, 01 април 2009
Career Day Tips for Candidates - Prior to the Career Day

NEWS ARCHIVE

Career Days

Со цел да им понудиме на компаниите, организациите и студентите платформа каде би можеле да се запознаат, AIESEC го организира Career Days. Првата и основна цел на Career Days е да го зближи корпоративниот сектор со студентите.
Career Days е проект кој во Скопје постои и успешно се реализира веќе 14 години. Самото тоа е податок кој ги разрешува сите сомнежи за неговата оправданост и успешност.
Секоја година учесниици на Career Days се некои од најуспешните фирми во земјава, па можеме да се пофалиме со многу звучни имиња кои се увериле во нашата професионалност и успешност и ги почувствувале бенефитите од настан како Career Days.

Оваа година, AIESEC ги носи компаниите на територија на студентите, одржувајќи го настанот на платото меѓу факултетите за општествени науки при Универзитет “Св Кирил и Методиј“ Скопје, во периодот од 19-22 Aприл. Досега Денови на кариера е одржуван на повеќе локации: 10 пати во фоајето на Eкономскиот факултет - Скопје, 2006 година во халите на Скопски саем, 2007 во Младинскиот Културен Центар – МКЦ, 2008 на платото меѓу факултетите за општествени науки (Економски, Правен, Философски, Филолошки).

Се очекува овогодинешното издание на Денови на кариера да биде настан со масовна посетеност од околу 20000 студенти и комплетна медиумска покриеност. Денови на кариера 2010 ќе ги опфати следниве настани:

Едукативен семинар, 19-20 април

На овој семинар за 200-те селектирани студенти – учесници, познати македонски компании и организации ќе одржат обуки на тема – ”Развој на кариера”.
Едукативниот семинар ќе се одржи во просториите на Економскиот факултет – Скопје. Се очекува да биде најквалитетен настан одржан тука воопшто во едукативна смисла. Како предавачи на овогодинешниот настан ќе се јават: Д-р Сем Вакнин, Проф Д-р Таки Фити,ЦС Глобал, Имулси, Мотива и Ексквизит.
 За учество на настанот, студентите ја пополнуваат on line апликацијата на веб страницата www.careerdays.org.mk, врз основа на која се избрани учесниците на едукативниот семинар.
 Страницата е веќе активна и сите заинтересирани студенти можат да аплицираат оставајќи своја биографија. Рокот за пријавување за учество на едукативниот семинар е 01ви Април. Страницата ќе биде активна и за оставање своја биографија и после овој рок, но не и за учество на семинарот.

Саем на компании, 21-22 април

На саемот секоја компанија, учесник или партнер на настанот ќе има свој промотивен штанд за информирање на заинтересираните студенти за своите кадровски потреби.
Истите ќе ги презентираат можностите кои ги нудат и во отворен амфитеатар за време на настанот. Компаниите ќе ги интервјуираат своите потенцијални идни вработени, во просторија на факултетите, со што студентите добиваат можност да се презентираат себеси пред таргетираните работодавци.
Интересно е да се спомене дека оваа година е спроведена анкета на студенти од сите факултети за Brand Employer во Македонија во различни области.

Клучни придобивки за учество

Вработувања и пракси за студентите
Корпоративно вмрежување со студентите
Едукација
Позитивно влијание на свеста на студентите за нивнтата идна кариера
Позитивно влијание на македонските компании за регрутирање на денешните студенти како идни вработени, менаџери и лидери

Денови на кариера успешно се одржува и во 90 други AIESEC земји во светот, со визија на креирање нови можности за развој и успешна кариера.




Let's create a WIN-WIN strategy!
GALLERY: